ЗА CARSTORE CITROËN

Изберете го online вашето ново возило

На оваа веб страна поставени се сите понуди за моментално достапни нови возила на лагер од марката Citroën.
Carstore.citroen.mk ви нуди можност на лесен, брз и едноставен начин online да го одберете вашето ново возило.
На почетната страница се наоѓа паѓачкото мени со категории на модели возила. Со селектирање на посакуваната категорија, ќе се отвори нова страница на која добивате можност да ги разгледате сите понуди за достапните возила на лагер од одбраното возило. Ако не знаете на која категорија припаѓа возилото кое ве интересира или пак сакате да ги погледнете сите возила на лагер, можете да го искористите полето Возила на лагер, кое се наоѓа на врвот на секоја страница. Доколку сте избрале возило што ве интересира, можете да ја погледнете целата понуда за конкретното возило со клик на сликата од возилото.
На веб страната е поставена и можност за споредба на понуди/возила кои се од ваш интерес.

Нови возила на лагер достапни за испорака веднаш

Сите понуди на Carstore.citroen.mk се однесуваат на нови возила на лагер, кои се достапни за испорака веднаш. За секое возило е поставена посебна понуда која опфаќа детали за техничките карактеристики на возилото, сериската понуда, дополнителна опрема, гаранција и цена на возилото.
За сите дополнителни прашања на располагање ви стои нашиот тим, кој во најкраток можен рок ќе одговори на вашето барање. Може да нѐ контактирате online преку формата поставена на самата страница, телефонски или со посета на нашиот официјален продажен салон.

Атрактивни цени со промотивни понуди

Посетителите на Carstore.citroen.mk точно и редовно ќе може да се информираат за сите актуелни промотивни понуди и атрактивни цени на возилата на лагер од марките Citroën.

Специјални услови за финансирање

Ние знаеме дека финансирањето понекогаш се чини комплицирано. Затоа се грижиме со едноставни и јасни информации да ви помогнеме да донесете правилни одлуки. За детални информации контактирајте нѐ или посетете нѐ во најблискиот изложбено-продажен салон.